Пакистанскиот вицепремиер Ишак Дар денеска ја обвини Индија дека „користи вода како оружје“ со отворањето на своите брани без предупредување, велејќи дека потегот го прекршува договорот за поделба на водата, посредуван од Светската банка, и го загрозува регионалниот мир и стабилност.
Коментарите на Дар дојдоа еден ден откако Министерството за надворешни работи на Пакистан соопшти дека му пишало на Њу Делхи барајќи разјаснување за „нередовното испуштање вода од реката Ченаб“.
Дар рече дека Њу Делхи „манипулира со водните текови во клучен момент за земјоделскиот циклус на Пакистан, загрозувајќи ги средствата за живот, како и безбедноста на храната и економијата на земјата“.
Тој додаде дека последното нередовно испуштање вода од реката Ченаб е откриено оваа недела.
„Таквото нелегално и неодговорно однесување има потенцијал да предизвика хуманитарна криза во Пакистан“, рече тој.
Индиската влада не коментираше за обвинувањата на Пакистан.
фото: Архива




