Американската вселенска агенција НАСА веќе две недели не добива податоци од вселенското летало МАВЕН на Марс.
– Во тек се напори за повторно воспоставување контакт, изјави портпаролката на НАСА за Германската новинска агенција (ДПА).
НАСА на 15 декември соопшти дека „краток фрагмент од податоци за следење“ од почетокот на месецот сугерира дека сондата можеби „ротира на неочекуван начин“.
Вселенското летало МАВЕН (Mars Atmosphere and Volatile EvolutioN) е лансирано кон крајот на 2013 година и орбитира околу Марс и обезбедува важни истражувачки податоци, особено за атмосферата на планетата.
НАСА на површината на Црвената планета во функција ги има сондите „Mars Odyssey“ и „Mars Reconnaissance Orbiter“, како и ровери „Curiosity“ и „Perseverance“.




