Од ЈП Водовод и Канализација известуват дека на ден 23.12.2025 (вторник):
Поради промена на вентил ф-2 на крстосницата ул.Октомвриска Револуција/ бул.Партизански Одреди, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зграда 10,12 и 14 на ул.Октомвриска Револуција и дел од бул.Партизански Одреди (потегот од Никола Тесла до Октомвриска Револуција).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Улиците се наоѓаат во општина Карпош.
Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.Наум Наумовски Борче бр.63, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Наум Наумовски Борче бр.63.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување. Улицата е во опшштина Центар.




