Некогашниот репрезентативец на Македонија Гоце Седлоски ќе ја има втората авантура како селектор, прва како главен тренер. Во претходниот мандат, Седлоски беше в.д. селектор, има една победа на еден меч.

„За мене ова е голема чест и најголема одговорност во кариерата. Свесен сум за очекувањата и за потенцијалот што го поседува репрезентацијата. Моја цел ќе биде да изградиме систем и селекција што ќе се бори за секоја топка и ќе го дава максимумот. Свесен сум дека во некои мечеви нема да сме фаворити, но тоа не може да ни го одземе правото да се бориме. Од тимот ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за секој меч. Сакам да видам тим кој ќе стои цврсто до последна минута и нема да се откажува. Верувам во квалитетот на фудбалерите, во желбата да го носат македонскиот дрес и достојно да ја претставуваат Македонија на највисоко ниво. Убеден сум дека ФФМ ќе ни даде најдобри услови, а од поддршка од најбилсикиот тим Пандев, Новески, Ибраими, Најдоски, ќе направиме успех за нашиот национален состав“, изјави Седлоски.

Screenshot

Дебито на клупата на Македонија, Седлоски ќе го има во март, кога гостува кај Данска во Копенхаген во баражот за СП 2026 година.