Ако Али Ахмети мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине, вели лидерот на опозициската СДСМ за изјавата на лидерот на ДУИ.
Претходно, Ахмети на конгрес на партијата, се пофали дека ја растурил Југославија.
„Сметам дека тоа го кажува само за некаков негов политички бенефит во оваа консталација на односите. Гледам кажал ја растурил Југославија ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да порачам дека нема да победи на овој начин“.
Филипче вели и дека има луѓе од друга на од другите етнички заедници нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто предлага господинот Ахмети.
Лидерот на СДСМ возврати и на коментарите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за новите кадри во СДСМ. Тој ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ да погледне во сопствениот двор.
„Еве гледаме за жал кадрите што ја менаџираат во овој момент државата граѓаните ги доведоа до просјачки стап“.




