Италијанскиот прволигаш Милан успеа по неколкумесечни преговори да издејствува спогодбен раскин на договорот белгискиот напаѓач Дивок Ориги (30), јавија денеска италијанските медиуми.

Ориги пристигна од Ливерпул без обесштетување во летото 2022 година, но во дресот на Милан одигра само 36 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи два гола.

По разочарувачката прва година во дресот на Милан, сезоната 2023/24, ја мина на позајмица во Нотингем Форест, а откако позајмицата заврши во летото 2024 година, се врати во италијанскиот клуб, но не успеа да се избори за првотимски статус.

Клупското раководство потоа го префрли Ориги во младинскиот тим на Милан, надевајќи се дека тоа ќе го принуди да бара нова средина.
И покрај фактот дека неговата кариера беше практично замрзната, Ориги одлучи да остане во младиот тим на Милан, бидејќи договорот му гарантираше нето годишна плата од четири милиони евра.