Фактите не се навреда, туку реалност, објави Бране Петрушевски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Во мојата денешна прес-конференција не беше изнесена ниту една лага или невистина. Јавноста беше информирана за еден неспорен факт, дека ќерката на Талат Џафери била член на Надзорен одбор на државната компанија ЕСМ Снабдување со топлина, во време кога СДС и ДУИ ја третираа државата како партиски плен.

Никој не тврдеше дека таа била член на Управен одбор на АД ЕСМ, ниту пак беше изнесена лична квалификација. Беше посочена политичка одговорност и системска пракса на непотизам.

Наместо обиди за релативизирање преку правни финеси, одговор треба да се даде на суштинските прашања:

– зошто блиски роднини на највисоки функционери добивале позиции во државни компании?
– зошто СДС и ДУИ молчат за тендерите од 8 милиони евра и сомнежите за перење 2 милиони евра?
– и зошто секој обид за отворање на овие теми се дочекува со деманти, а не со факти и одговорност?

Јавноста не бара извинувања.
Јавноста бара одговори.

*Одговор на барањето за демант упатено до мене од Талат Џафери, со прилог фотографии од неговото барање и од денешната прес-конференција, потенцира во објавата Петрушевски.