Гувернерот на Херсонскиот регион во јужна Украина назначен од Русија, Володимир Салдо, изјави дека најмалку 24 лица се убиени, а повеќе од 50 се повредени во напад со беспилотно летало за кој рече дека го извршиле силите на Киев, а кое погодило хотел и кафуле каде што се одржувале прославите за Нова Година.

Салдо во објава на Телеграм изјави дека нападот се случил во Хорли, крајбрежно село во близина на полуостровот Крим, кој е под руска контрола.

Руските медиуми претходно објавија дека руската воздушна одбрана уништила 168 украински беспилотни летала над територијата на Руската Федерација во текот на ноќта, повикувајќи се на соопштение од руското Министерство за одбрана. 61 биле соборени над територијата на Брјанскиот регион, 25 над територијата на Краснодарскиот регион, 23 над територијата на Тулскиот регион, 12 над Московскиот регион, од кои девет се движеле кон Москва. Уште седум беа уништени над Калушката област, 24 дронови – над Азовското Море.

Шеснаесет дронови беа уништени и над територијата на украинскиот Кримски полуостров, кој Москва го прогласи за анектиран во 2014 година.