На 31.12.2025 во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.

Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.