Џеј ди ВЕНС, потпретседател на САД
Ги ценам добрите желби од сите во врска со нападот врз нашиот дом. Колку што можам да утврдам, некоја нестабилна личност се обидела да провали, удирајќи ги прозорците со чекан. Благодарен сум на тајната служба и на полицијата во Синсинати за брзата реакција.
Ние не бевме дома, бидејќи веќе се имавме вратено во Вашингтон.
Една молба до медиумите: се обидуваме колку што е можно повеќе да ги заштитиме нашите деца од реалностите на овој живот во јавна служба. Во врска со тоа, скептичен сум околу информативната вредност од објавување фотографии од нашиот дом со дупки на прозорците.




