Безбедносниот експерт и аналитичар Милан Стефаноски гостуваше во емисијата ЗА ИЛИ ПРОТИВ со Љупчо Цветановски на Алфа телевизија каде даде свое видување за престојната Лидерска средба на која претходно беше најавен своевиден бојкот од лидерот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче.

– Кај СДСМ уште кога беше Бранко Црвенковски лидер, бојкотот за нив е една слика и еден ракопис препознатлив кога се во опозиција да бојкотираат. Веројатно сакаат да привлечат внимание од недостаток на политики кои се потеребни на граѓаните. Препознатлив е бојкотот и тоа е деструктивна партија, во нивната стратегија на дејствување е деструктивноста која е видлива и е впечатлива и е стил на однесување на СДСМ, изјави Стефаноски.

Тој ја нагласи веројатноста дека преку бојкотот сакаат да се наметнат на политичкиот јавен дискус, а дека тоа пак говори дека имаат комплетно девастирана програма.

-Тие намаат човечки ресурси, немаат видливи нови луѓе кои што ќе направат некој нов политички имплус во општеството. Во таа смисла мене не ме зачуди фактот дека СДСМ нема да дојде на (лидерската средба), но повеќе ме иритира таа иронична и лицемерна политика кон јавноста, посочи Стефаноски.

Потсетувајќи дека пред неколку месеци СДСМ била таа која ја критикуваше власта за недостаток за политички дијалог, на комуникација.

-Еве, Власта без никава потреба заради комотното парламентарно мнозинство, има потреба од дијалог со трета, четврта политичка сила е СДСМ која е нерелевантна, да пружи рака и да наметне политички дијалог како еден вид нова политичка култура во Македонија, која реално недостасуваше и да изградат позиции во стратешки важните одлуки на државата во делот на реформскиот дискус, потенцира аналитичарот Милан Стефаноски.