Средба со криминалци нема да има, СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти-ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар (Саша) Димитријевиќ, што МИА ја пренесува интегрално.

Тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување предвремени избори, кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата.

Им се брза, им ја откривме корупцијата, им ги разоткривме плановите за мигранти, нема пари во буџетот.

Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија.

Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем.

Скандалот со ИПАРД 3, видовте, има и уапсен директор од ВМРО за корупција и злоупотреба на европски пари. Можете да замислите што сè се случува во Министерството за земјоделство. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во Министерството. Затоа не сакаат техничка влада.

Злоупотребата на полицијата по целосната партизација е уште еден инструмент за притисок, сила, закани и уцени, но и за заштита на криминалци. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата да влезе.

Покрај оние 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета, 1,2 милион евра тендери во „Пошта“, може само да замислите што сè прават.

Не сакаат да има техничка влада – за опозицијата да не влезе и да не види што сè правеле.

Во буџетот нема пари. Недостига една милијарда. Власта дупките ги пополнува со постојано трупање нови долгови.

Сè е веќе јасно.

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори.

Актуелната власт на тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели.

Воспоставена е целосна контрола врз Обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата.

Се носат резолуции со кои практично се укинува слободата на говорот на опозицијата.

Се злоупотребуваат парите во земјоделството.

Масовниот надзор со 65 илјади камери нема контролни механизми, ниту заштита од злоупотреби.

Заклучкот е едноставен, не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.

Опозицијата мора да влезе во техничката влада и да се обиде да обезбеди барем малку улосови за фер избори.

СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми да ги заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните.

Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме.

Заедно ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните.

Без техничка влада нема ниту минимални услови за фер избори

Генералниот секретар на СДСМ, Александар (Саша) Димитријевиќ, денеска јасно порача дека укинувањето на техничката влада значи директен удар врз можноста за фер и демократски избори.

„Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори“, истакна Димитријевиќ.

Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија, додадае тој.

Димитријевиќ предупреди дека во услови на целосна партизација на институциите техничката влада е неопходна.

„Воспоставена е целосна контрола врз Обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со кои практично се укинува слободата на говорот на опозицијата. Се злоупотребуваат парите во земјоделството. Масовниот надзор со 65 илјади камери нема контролни механизми, ниту заштита од злоупотреби“, потенцира Димитријевиќ.

Во вакви услови е јасно дека „не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт“.

„Опозицијата мора да влезе во техничката влада и да се обиде да обезбеди барем малку услови за фер избори“, нагласи тој додавајќи дека „СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми за да ги заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните“.

Не сакаат опозиција во министерствата за да не се видат криминалот и корупцијата

Тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ сака укинување на техничката влада за да ги скрие корупцијата и криминалот во институциите, рече генералниор секретар на СДСМ, Александар (Саша) Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.

„Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија“, истакна Димитријевиќ.

Тој нагласи дека антикорупцискиот тим на СДСМ веќе изнесе дел од скандалите, но дека вистинската состојба е многу посериозна.

„Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем“, рече Димитријевиќ.

Како пример тој го посочи скандалот со европските средства.

„Скандалот со ИПАРД 3, видовте, има и уапсен директор од ВМРО за корупција и злоупотреба на европски пари. Можете да замислите што сè се случува во Министерството за земјоделство. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во Министерството. Затоа не сакаат техничка влада“, посочи Димитријевиќ.

Димитријевиќ потсети и на сериозни финансиски злоупотреби, како 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета и 1,2 милион евра тендери во „Пошта“.

„Актуелната власт на тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола врз Обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функционери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со кои практично се укинува слободата на говорот на опозицијата. Заклучокот е едноставен – не се созреани условите за укинување на техничката влада поради криминалната власт. Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме. Заедно ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните“, рече Димитријевиќ на денешната прес-конференција.

Фото: СДСМ

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=2kZq5XS2Maw