Пет лица загинаа во две лавини во Австрија во саботата, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба во Салцбург за ДПА, пренесуваат медиумите.
Седум лица беа затрупани од лавина попладнето на врвот Финстеркопф, висок 2.150 метри, во долината Гросарл во федералната покраина Салцбург, рече таа.
Планинската спасувачка служба објави дека четворица членови на скијачката група се пронајдени мртви, додека другите се тешко повредени.
Претходно во саботата, една жена загина во лавина во областа Бад Хофгаштајн.




