Неколку илјади граѓани се собраа попладнево во центарот на Нови Сад на протестот „Што значи победа?“, на кој повикаа студентите. Тој протест е продолжение на акцијата за собирање потписи за предвремени избори во државата што беше спроведена кон крајот на минатата година
Обезбедување е распоредено околу Градското собрание и низ целиот Плоштад на слободата.
Меѓу транспарентите, се издвојува пораката „Постои одговорност по име и презиме“.
Голем број полицајци во опрема за разбивање демонстрации се наоѓаат во Градското собрание.
Студентите најавија дека со ова почнува нова фаза од нивното движење и дека ќе бидат презентирани некои од нивните идеи за „ослободување на институциите“, како и понатамошните акции.




