Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со членови на Управниот одбор, денеска ќе оствари работна средба со главниот извршен директор на „ТИТАН Усје“, Константинос Николау, во кугот на фабриката.
Од Комората информираат дека „ТИТАН Усје“ со години е активен член во бизнис-заедницата и компаниијата континуирано инвестира во модернизација, дигитализација и процеси на декарбонизација. Според нив, компанијата работи во согласност со принципите на зелената економија, со цел постигнување оперативна извонредност, намалување на трошоците и зајакнување на конкурентноста на пазарот.
Стопанската комора потенцира дека, застапувајќи ги интересите на своите членки, пред институциите секогаш настапува аргументирано и со конкретни анализи. Од Комората посочуваат дека ваквиот пристап е клучен при креирањето политики и носењето одлуки, кои ги засегаат економскиот амбиент и индустрискиот развој во државата.
фото: Стопанска комора




