СДС и Филипче удрија по независните синдикати кои бараат ССМ да се огради од СДСМ. Оваа небулозна и перфидна реакција доаѓа на неколку часа пред „работничкиот“ протест за кој Венко Филипче даде „максимална поддршка“.
По пресметката со критичките медиуми кои не и одговараат на уредувачката полтика на СДС, на ред се независните синдикати, сега Независниот синдикат на полицијата кој единствено побара од Слободан Трендафилов да се огради од СДС.
Навредената СДСМ, која знае дека причина за протестот се токму Венко и компанија, а не некакви работнички права, не пропушти веднаш да пушти хејтерско соопштение:
„Рекацијата на НСП е само во заштота на приватниот бизнис на Мицкоски. Драго ни е што еден по еден излегуваат на виделина и го покажуваат своето вистинско лице. Сега граѓаните знаат кој сè работи за скапите часовници на Мицкоски. Листата станува сè подолга.“
Ајде, што пак во брзање неписмено пишаа РЕКАЦИЈАТА, СДС само покажува што мисли за сите што не мислат како нив. Нас да можеа, ќе не пратеа на Голи оток, НСП најверојатно, исто.
За нивна жал, поверојатно ќе пропаднат како партија отколку пак да дојдат на власт.
Претходно, НСП кои го поддржаа протестот – им порача на ССМ:
Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат за денешниот работнички протест кои ние како синдикат го поддржавме, реагираше Независниот синдикат на полицијата.
-Бараме од ССМ веднаш да излезе со став дека на денешните протести не им се потребни и добредојдени ниту политичарите ниту поддржувачи на политички партии. Дека истите тие до пред две години имаа можност да направат нешто повеќе за работникот и дека на државата во моментов не и е потребна нова шарена револуција, туку подобар стандард на граѓаните.
Ако не си со нас, си против нас, сметаат Венко, Јон Шмрчко, Фани Сорос и Ана ве мразам сите…
Извор: Курир




