Со оглед на потребите на македонскиот пазар на труд, и во постоечките законски рамки, сметам дека има простор да се фокусираме се уште на домашната работна сила, и да се обидеме да го акумулираме недостигот од домашната база, но факт е исто така дека процесот во Европа и во земјава што е базиран на стареење на населението е нешто за коешто засега е неизбежно и ќе мора да размислуваме како одредени празнини на пазарот на трудот да ги пополнуваме и со странски работници и не треба да бегаме од темата.

Ова денеска го истакна професорот на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ Лазар Јовевски, на 18. Сесија на работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Новиот пакт за миграција и азил: безбедносни и интеграциски предизвици во Европа со фокус на Западен Балкан и Република Северна Македонија“ на Националната конвенција на ЕУ во Северна Македонија.

-Кога зборуваме за миграција и за азил, зборуваме за две големи групи или два големи столба. Првиот е делот кога станува збор за миграција што може да инспирира и азил, а тоа е поврзано со одредени воени конфликти, со состојби коишто значат ризик во местото на живеење, каде што мигрантот престојува и заради безбедносни причини, почнува да го користи процесот на миграција. Вакви процеси постојат од антиката до денес. Вториот столб е аспектот на трудот, односно кога зборуваме за миграција која што е инспирирана од трудотвите потреби, и исто така овие миграции постојат од антиката па сè до денес, кажа Јовевски.

Тој нагласи дека треба да се прави разлика од тоа дали збоурваме за работници мигранти кои се повикани од земјата каде што ќе работат и тоа е едната категорија на работници мигранти, додека втората категорија работници мигранти е кога земјата нема потреба од мигранти или не повикува.

-Кога зборувам не повикува, не мислам на Владата, туку мислам на работодавачите, на бизнис-секторот, што има или нема потреба од работници мигранти. Но секако, работодавачите и нивните интереси се поврзани од тоа што се случува на пазарот на труд, што е резултат на севкупните општествени процеси, во којшто се сите вклучени, и невладиниот сектор и Владата и работниците со синдикатите и самите компании. Во вториот аспект во делот на трудот кога имаме работници кои доаѓаат во земја, која што не ги кани, во тој случај имаме повеќе сценарија што се развиваат и праксата тоа го покажува. Особено по Втората светска војна, особено во периодот што се случуваше 2015 година – криза инспирирана од воени дејствија, потоа инклинираше кон барање на одредена стабилност што требаше да финишира и со вклучување на овие лица на пазарот на трудот, рече Јовевски.

Тој потенцира дека пазарот на труд, работниот однос има најсилна интеграциска моќ во општеството. Според него, ако сакаш некого најбрзо и наједноставно да го интегрираш во самото општество, треба да ја употребиш алатката вработување.

-Но, не секогаш земјите, вклучително сега зборуваме за Македонија, имаат капацитет бројот на луѓе коишто доаѓаат, условно кажано, непоканети, да ги интегрираат на овој начин преку пазарот на трудот, бидејќи пазарот на труд не соодвествува со бројот на луѓе кооишто доаѓаат. Еве, нема да зборувам за мигрантската криза од 2015, 2016 година, ќе зборувам за Полска. Во Полска имаме огромна бројка на луѓе кои на почетокот на војната преминаа од Украина во Полска и стануваше збор за структура на работоспособно население што беше повеќе од женски пол со малолетници или во средно училиште, кои полека излегуваат на слободниот пазар на труд. Полската економија во тој првичен налет, ги употреби оние социјални пакети и го вклучи социјалниот систем за да ги прифати мигрантите од Украина, меѓутоа следниот чекор на којшто размислуваше полската Влада, и тоа до денес го прави, е дел од овие луѓе да ги вклучи во пазарот на труд и бидејќи заради спецификата на самите мигранти во однос на пол, образование, социјален статус, имаше варијации во кој дел се вклучуваа во пазарот на труд. Многу од мигрантите во Полска влегоа во туризмот, угостителството и хотелиерството, рече Јовевски.

Тој кажа дека оваа тема во последно време се споменува и во земјава, односно каде сме ние во сето тоа.

-Како човек кој 25 години го проучува пазарот на трудот, и трудот генералн во државата, можам да кажам дека во Македонија драматично се променети фактичките состојби. Тоа што кога јас бев демонстратор во 2001 година во јануари месец, и јануари 2026, значи после 25 години, е многу поинаква сликата на тоа што се случува во Македонија во пазарот на труд. Нема да навлегувам во причините зошто толку драматично е променет пазарот на трудот. Тоа е што е моменталната фактичка ситуација е што иако имаме околу 10 проценти статитички невработеност во државата, ние сепак во одредени потсектори, одредени гранки во стопанството имаме недостиг на работна сила. За ова пишував повеќе од пет години уште кога не беше толку актуелна оваа тема дека ќе дојдеме до оваа ситуација и еве дојдовме. Секторот на градежништво, секторот на угостителство и туризам, секторот на текстилната индустрија, секторот на земјоделие, имаат веќе хроничен недостиг на работна сила и пад, и на вработените и на производството во однос на тоа што се случувало пред десетина години. Но, сега не само што имаат побарување од работници, туку паѓа и нивната конкуретност во однос на Европа и во однос на светот, особено во однос на Азија, истакна тој.

Тој оцени дека токму заради миграциските процеси што се случуваат во Европа, па и особено во регионот на ЈИЕ, во којшто влегува и земјава, голем дел од нашата работна сила мигрира, имаме огромен број сезонски работници, особено во соседните земји.

-И не е тајна, вие тоа го знаете, го објавија и хрватскиот Завод за статистика, Министерството за труд на Хрватска дека нашите работници најповеќе мигрираат во последните неколку години во Хрватска по бројот на работни дозволи коишто ги дава. Во ваква една консталација, нашата економија повторно се соочува со предизвикот парадоксално од најголема невработеност пред дваесетина години во Европа, да доаѓаме сега да имаме статистика од околу 10 отсто невработеност, тоа е негде околу 80-тина 90 илјади луѓе коишто се слободни на пазарот на труд да повторно имаме недостиг на работна сила и да се поставува на дневен ред темата на работно ангажирање од надвор, потенцира Јовевски.

Според него, за да се реши овој предизвик потребни се некои алатки коишто на почеток не даваат вистински резултат.

-На пример некој ќе каже „професоре можеме веднаш со преквалификации ,доквалификација да направиме една промена во делот на работно способното население и да го мигрираме од една гранка во друга гранка“. Но не се случува тоа, не заради немање на капацитети, не заради немање на средства, туку заради отпор од страна на самите кандидати кои одбиваат. Вие можете да ги избришете од списокот на активни баратели на работа, но не го решавате проблемот. Тоа ми е суштината. Имаме голем број корисници на социјална помош, истакна Јовевски.

Тој потсети дека до 1 јануари имавме законодавство коешто не овозможуваше во исто време да се користи социјална помош и да се влезе на пазарот на труд, а од 1 јануари се донесе посебен закон за сезонска работа, за којшто, вели, е револуционерен закон во делот на македонскиот мајндсет како треба да се решаваат проблемите во делот на трудот и пазарот на трудот.

-Сакам да зборувам и за некои други работи во врска со проблемите со коишто се соочуваат компаниите што бараат на пример работници во Македонија.
Некоординацијата помеѓу Министерството за внатрешни работи и АВРМ. Недостигот на кадар и информации за коишто доаѓаат како барање, а потоа за помош од страна на Владата или на кабинетот на претседателот на Владата за да се помогне како да се забрза процесот да се добијат работните дозволи. Имено, формалната постапка за вработување на работници мигранти во Македонија е строго определена со Законот за вработување на странци.
Во моментов има Работна група којашто треба да направи ревизија или нов закон за вработување на странци. Меѓутоа целата процедура е на почеток, при што засега се уште ќе важи актуелнииот закон, рече Јовевски.