Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Мајк Џонсон, денеска изјави дека верува дека има поддршка од пратениците од својата партија за да го прекине делумниот прекин на работата на владата.
Во интервју за ТВ мрежата Ен-Би-Си, Џонсон изрази уверување дека ќе добие поддршка, но укажа дека логистички предизвик е сите пратеници да се доведат во Вашингтон на гласање во Претставничкиот дом поради проблемите со транспортот по снежната бура што го погоди југоисточниот дел на САД.
Финансирањето на Пентагон, Стејт департментот, Министерството за финансии и бројни други сојузни агенции официјално бече прекинато вчера, со што почна делумна блокада на американската влада.
Блокадата официјално почна на 31 јануари на полноќ по американско источно време, иако неколку часа претходно сенаторите се согласија да ги финансираат повеќето агенции до септември, со оглед на тоа што тој договор допрва треба да го одобри Претставничкиот дом, кој ќе заседава во понеделник.
Блокадата би можела да биде краткотрајна и да има ограничени практични последици доколку Претставничкиот дом во краток рок го одобри договорот за финансирање што Сенатот го усвои во петокот.




