„Според неофицијални информации од медиумите во Србија, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од Американската агенција за борба против дрога (DEA).“ Оваа поразителна вистина за СДС излезе од устата на нивниот генерален секретар, кому никој не му го ни знае името, па нема ние сега да го откриваме, нели…

Точно, за голема жал на пи-ар ајваните од Бихаќка, сега, а и подолг период претходно – поточно од промената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во мај 2024-та, странските и американските служби, за промена, повторно почнаа повторно да комуницираат со македонските. Така и сега, при акциите со заплена на марихуана во Србија и Македонија.

Тоа, токму ДЕА и останатите служби на стартешките партнери од САД и ЕУ, не го правеа во време на владеењето на СДС, од проста причина што немаа доверба во таа власт, составена од врхушка чии најизвикани ликови се до гуша заглавени во криминал и корупција.

Ако се сеќавате, во 2021-та, пробиена беше акцијата ПЛАНИНА во која полициски командири блиски до СДС и Заевци ги издале активностите на нарко-босовите од Грчец, затоа следуваше акција која ДЕА ЈА КРИЕШЕ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ! Со добра причина.

-Продолжуваме со поддршката за Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога, изјавија пост-фестум (по акцијата) на 13.04.2021-та година за МИА од Американската служба за борба против дрога (ДЕА), во акција за која на знаеја македонските власти, во време кога Заев е премиер, Оливер звани Обиџуко шеф на МВР, а Филипче министер за здравство. „Макеоднските“ власти кои немаа абер ни од Македонија, немаа абер ни дека нешто се случува во сопствената држава. Да знаеја, акцијата ќе беше пропаст, пак…

Дополнително, за тогашното СДС/МВР доволно говори тоа што кадар на СДС и Спасовски поставен за началник на полицијата во Прилеп кој го имаше на илјадници слики со СДСМ, односно со Оливер Спасовски и Зоран Заев, беше уапсен од страна на ДЕА во истата таа акција за сузбивање на трговија со дрога. Тоа доволно кажува дека мафијата имаше своја држава и дека власта и мафијата беа едно те исто.

Исто така полицијата беше посочена од страна и на обвинителството како причина за пробивање на акцијата Планина, во која требаше да се разбие еден од најголемите нарко картели во државата.

„Тонч“ е најкус збор за пластичен опис на дејанијата на инфантилниот СДС тим, кој претходно инсистираше да се каже како минала наводната марихуана од Македонија во Србија, на што граѓаните им порачаа да си го прашаат шефот, кој гарант знае како „прошла“, најверојатно по истите патеки по кои на времето шверцал ајвар во Горњи Милановац…