Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска во 9 часот започнува со блокада на пристапите до Собранието, поточно на улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“. Со овој чекор, синдикатот го изразува револтот кон институциите кои, според нив, повеќе од една година го кочат зголемувањето на минималната плата и не ја прифаќаат иницијативата за намалување на функционерските плати.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека блокадата е порака до пратениците кои остануваат „глуви“ на нивните барања.
-Пратениците се уште се прават глуви на иницијативата на ССМ за зголемување на минималната плата и на останатите плати за 100 евра, како и за последната иницијатива на ССМ за намалување на нивните плати за 80 проценти, односно да си ја намалат основицата за пресметка на плата од просечна на минимална плата и да ги намалат нивните коефициенти на сложеност, изјави Трендафилов.
Од друга страна пак додека претседателот на ССМ повикува пратениците да одат пешки на работа, тој спротивно на тоа се развезува со службен автомобил и токму на грбот на работниците.
Денеска посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Видео плејер




