Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 10.3 проценти во декември 2025 година во однос на декември 2024 година. Според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.8  проценти, Капитални производи за 20.2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 проценти, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 13.2 проценти, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Најголемо влијание врз порастот на вкупниот промет во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 6.1 проценти, Производство на метали со 5.9 проценти  и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 29.3 проценти.

Прометот во индустријата, вкупно, во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, бележи опаѓање од 3.1 проценти, а пораст од 5,6 проценти во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година.

На домашниот пазар во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, има пораст од 6.9 проценти, додека во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, порастот е 0.6  проценти.

На странските пазари, пак, во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, е регистриран пораст од 11.4 проценти, а во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, порастот изнесува 6.8 проценти.

фото: архива