Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечер во 19:00 часот, ќе се обрати на отворањето на Меѓународната конференција насловена „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“.
Конференцијата е во организација на Паневропската унија на Македонија во соработка со Паневропската унија на Австрија, Фондацијата Ото фон Хабсбург и Институтот на регионите на Европа од Салцбург.
На свеченото отворање ќе се обратат претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор, Мартин Памер, претседателот на Паневропската унија на Австрија, Рајнхард Клоучек, Штефан Хабек од Институтот на регионите на Европа и Амер Капетановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка.




