Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и Обвинителството. Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, независната кандидатка за државен јавен обвинител, се посочува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавните обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност.
Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија.
Независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира.
Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот.
Медиумскиот октопод на Орбан во Македонија и неговите 40 % медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска. Не се крие ништо.
Кому веќе не му е јасно?
Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за членка на Судскиот совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процесите што сè уште не се завршени, а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава.
Исто како во времето на Никола Груевски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: архива




