Таблоидните претставниците на елитистичката партија наречена СДС докажаа дека одлично ги знаат цените на екстра скапите ташни и други луксузни реквизити. Кога се има пари, очигледно е логично да се знаат чантите овенчани со овие баснословни суми, особено ако парите сте ги стекнале знаеме како. И кога, башка, пишува Курир во авојата анализа за лагите што секојдневно ги пласира СДС.
Денеска на дело го покажаа истото. Истовремено, таблоидџиите покажаа и дека се патолошки лажговци, но и дека не е добро да ги вработите како проценители на оригинали. Освен тоа, презентираа дека се тешки помодарски дилајли и дилетанти на кои некој од продавачите на Зелено пазарче може да им „ували“ сосема обична чанта, да им ја претстави како Хермес или Прада и да им ќари баснословна сума. Замислете, се враќа Венко пресреќен од Бит-пазар со чанта од 500 денари која ја платил 5.000 евра, пресреќен што се исценкал за толку, оти реално чинела 15.000?! Богданка му кажала, а Фани Сорос и Чупеска му потврдиле…

Ова е логичниот заклучок од исходот на лажната вест за демек 30.000 долари вредната ташна на сопругата на скопскиот градоначалник, која всушност е обична чанта минатата година купена во „Метро обуќа“ во Скопје (лоцирана кај Министерство за правда) која и се допаднала и за смешна сума од 944 денари е купена од истото дуќанче. На неа нема никаков ХЕРМЕС знак, ниту е брендирана. Значи, легално купена од легален дуќан, не „Хермес“ копија од пазар.
Ова во изјава за КУРИР ни го соопшти лично Мартина Ѓорѓиевска, сопругата на скопскиот градоначалник, за кого по вчерашниот отчет требаше да критикуваат, но немајќи за што да критикуваат удрија со лажни вести и клевети.
Не не’ зачудува што елитистите од СДС познати по Рада Прада менталитетот, трачарски и во стил на најжолт печат „препознаа“ чанта од 30.000 долари, па наведоа и каква била, сантиметража, по што се препознавале итн.
„Сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ОКГ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појави со брендирана чанта „Хермес“. Станува збор за еден од најекслкузивните и најскапи бренд чанти во светот. Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чинат од 28.000 до 33.000 долари.“ соопштија/излажаа СДС за чанта од 944 денари, купена во скопски дуќан.
Жолт печат, на ова за жал се сведе некогашната „државотворна“, а сега саде МРИХУАНОТВОРНА партија.
Можат, слободно, да се прекрстат во М-експрес, СДС-експрес ли.
Или подобро, да го затворат таблоидот…

Се огласи и сопругата на Орце Ѓорѓиевски, Мартина Ѓорѓиевска.
-Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари. Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта, напиша таа.
Ѓорѓиевска посочува дека обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно.
-Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно. Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења. Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот.
Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации, напиша таа.
Извор: Курир




