Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз на денешното тестирање во Бахреин, последно пред почетокот на новата сезона во Формула 1.

Леклер постигна резултат од 1:32,992 минути и извозе 132 круга.

Втор беше актуелниот шампион, возачот на Мекларен, Ландо Норис, со заостанување од 0,879 секунди, возејќи 47 круга, а трет возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, со заостанување од 1,117 секунди, возејќи 65 круга.

Новата сезона започнува на 8 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн.