Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва објави дека го потпишал и го испратил Законот за употреба на јазиците до Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.
По објавувањето на законот во „Службен весник“, покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.
Сите закони други акти донесени од Собранието ќе бидат објавувани на македонски и на албански јазик, исто како и владините одлуки.