УЕФА донесе одлука за делумно затворање на стадионoт „Сантијаго Бернабеу“ за еден натпревар и за глоба за Реал Мадрид поради „расистичко однесување од навивачите“ за време на реваншот против Бенфика во плејофот на Лигата на шампионите.
Одлуката за затворање ја опфаќа јужната трибина, но засега е условно одложена, тоа значи дека ќе се спроведе само во случај на повторно прекршување.
Клубот ќе може да го користи целиот капацитет на стадионот за дуелот против Манчестер Сити, во согласност со стандардните процедури на УЕФА.
Дополнително, Реал Мадрид е казнет со 15.000 евра.
Санкциите доаѓаат по големиот инцидент помеѓу Џанлука Престијани од Бенфика и Винисиус Жуниор од „кралскиот клуб“, кој се случи на првиот натпревар меѓу двата тима во Лисабон.




