Лорен Санчез преку ноќ стана едно од најпознатите лица во светските таблоиди. Фаталната црнка, за која Џеф Безос, најбогат човек во светот, ја напушта својата сопруга и изгуби речиси 140 милиони долари, отсекогаш го привлекувала вниманието на мажите. Таа 14 години беше во брак со Патрик Вајтсел, а пред него беше во врска со поранешниот американски фудбалер Ентони Милер, кој одлучи да проговори за нивната врска.

Се забавувале четири години, а Милер одлучил да и купи свадбен прстено. Тие се запознале во 1996 година и Милер се вљубил. Тој вели дека Лорен била дива и постојано му правела проблеми.

„Таа беше многу штедлива, всушност шкрта, не сакаше да ги троши своите пари и постојано бараше од мене“, вели Милер и додаде дека ја оставил, бидејќи го изневерила неколку пати.

„Лорен ме изневери со неколку мажи и нашата врска заврши. Не ми го ни врати вереничкиот прстен”, се пожали поранешниот спортист.

Изворите блиски до секси водителката велат дека наводите на Милер се неточни. Лорен се уште не зборува во медиумите, а нејзините блиски пријатели велат дека таа од ова ќе излезе посилна и посреќна од кога било досега.