Шкотската прва министерка Никола Старџон побара проширување на Членот 50 со кој се одредува рок од две години за напуштање на Велика Британија на Европската унија.

– Не можеме веќе да губиме време. Време е да го запреме одбројувањето на часовникот од Членот 50, да спречиме ризици Велика Британија да биде без договор на 29 март, изјави Старџон.

Таа вели дека Парламентот имал време од 2,5 години и не постигнал убедлив договор за брегзит.

– Време е за тоа да се одлучуваат граѓаните на нов референдум, изјави шкотската прва министерка и додаде дека не смее да се дозволи премиерката Тереза Меј да се однесува „како ништо да не се случило“.