Актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и унапредувањето на реформите што ја приближуваат Северна Македонија до евроатлантските стандарди биле теми на денешната средба на градоначалникот на Чаир Изет Меџити со вршителката на должност амбасадор на САД Никол Варнс.

Како што се наведува во соопштението на општина Чаир, на средбата била нагласена важноста на соработката и континуираната поддршка што САД ја даваат на демократските процеси, владеењето на правото и севкупниот развој на земјата.

-Соединетите Американски Држави остануваат стратешки партнер и важен сојузник за Северна Македонија. Нивната поддршка е од големо значење за зајакнување на демократските институции, развојот на земјата и зачувувањето на стабилноста во регионот – истакнал Меџити.
На средбата била реафирмирана важноста на партнерството и континуираната соработка со САД како клучен фактор за унапредување на демократските процеси и институционалниот развој на земјата.




