Владата на Република Македонија известува дека утре 13.03.2026 година (петок) во 11:45 часот претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во Општина Кочани каде ќе даде изјава за медиуми.
Потоа, ќе изврши увид во градежни работи на мост на Кочанска Река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ со улица „Вера Которка“, како и увид во градежни работи при изградба на дел од потисен цевковод од јазол до изливен базен на препумпна станица од водоводниот систем, известува Владата.




