Унгарскиот премиер Виктор Орбан во видео објавено на Фејсбук изјави дека Унгарија не може да биде уценувана или заплашувана од украинските власти.
Орбан тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „вчера повторно се залагаше за блокада на нафта“, а украинските власти „не им дозволуваат на експертите од унгарската влада да пристапат до нафтоводот Дружба“.
Зеленски намерно ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија затоа што сака да помогне да се донесе на власт проукраинска влада, наведе Орбан.
Тој додаде дека „Унгарците се мирољубив народ“, кои не „бараат конфликт со никого, но секогаш ќе се браниме“.
Во ваква ситуација, мора да ја браниме Унгарија. Да му покажеме на претседателот Зеленски дека Унгарија не може да биде уценувана и оти не вреди да ѝ се заканува на земјата, посочи Орбан.




