Наркобосот од Уругвај, Себастијан Марсет е уапсен во Боливија. Тој е обвинет во Парагвај и Боливија за организиран криминал, а во САД за перење пари.
Марсет во татковината е обвинет за раководење со првиот уругвајски картел.
По Марсет беше распишана и потерница од Интерпол.
Братот на Марсет, Диего Николас Марсет беше уапсен во Бразил во 2023 година, како еден од најбараните бегалци во Јужна Америка. Во неговото апсење учествуваа полицијата од Бразил, Боливија, Парагвај и Уругвај.




