Отец Ивица ТОДОРОВ

Секојдневно ме загрижува сознанието дека православните христијани во Македонија воопшто не читаат, или многу малку читаат СВЕТО ПИСМО/ БИБЛИЈА! ЗОШТО? Која е вистинската причина?

Да, јасно ми е дека содржината на Светото Писмо тешко се разбира, но сепак, ако има посветеност во читањето на Светото Писмо, особено ако се практикуваат заповедите Божји и се има искрен и реален обид да се живее во светлината на ВИСТИНАТА Божја тогаш содржината на Светото Писмо започнува да ОЖИВУВА во животот на искрениот ученик Христов и член на Неговата Црква.

Но, приметливо е дека таква посветеност сериозно недостасува. Зошто? Според моите истражувања голем процент од современите православни христијани не сакаат да веруваат во БОГ, таков, каков што ТОЈ Е, но, сакаат да си веруваат во некоја својата лична претстава за “бог”! Зошто е тоа така? Па затоа што е лесно да се „верува“ во нејасен „бог“ и во аморфна „вистина“ која може секој да си ја прилагодува на своите потреби, цели, гревови, страсти и религиозни разбирања и практикувања! Но, не е лесно, сериозен е предизвикот да се прифати вистината за БОГ, да се прифати вољата на ЖИВИОТ БОГ преку Неговите заповеди и преку од Него откриената вистина за смислата и целта на нашето постоење во овој свет и во вечноста, во онаа состоја што самиот Тој ја нарекува „Царство Божјо“!

Знам, не е лесно да се прифати вистината за вистинскиот Бог, кој е наш ОТЕЦ Небесен, а и да се има доверба во Него.
Особено, не е лесно за нашата огревовена егољубива природа и празноверна/ суеверна/ паганска/ сатанопотикната религиозност, не е лесно, дури напротив – МНОГУ Е ТЕШКО! Но, во овој отпаднат од Бога, а затруен од сатаната свет, НЕМА ДРУГ ИЗЛЕЗ, нема друг лек, нека друга смисла и цел!

Еве што самиот Исус Христос, како наш единствен Учител и Спасител, како Оној што ни откри Каков и Кој е вистинскиот Бог, не советува за оваа проблематика:

„Јас како светлина дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина. И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува,

Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам. Кој што се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го суди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден.

Зашто Јас Сам од Себе не зборувам; но Отецот, Кој Ме прати, Он Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам.
И знам дека заповедта Негова е живот вечен. А она што зборувам Јас, го зборувам така, како што Ми рече Отецот.”
(Јован. 12, 46 – 50)

„Ако вие (оние што ќе го прифатат Исус како Месија/ Спасител) останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја познаете ВИСТИНАТА, и вистината ќе ве ОСЛОБОДИ.”
(Јован. 8, 31 – 32)

Ваш, во Христос, брат и слуга, о. Ивица Т.