Почитувани, Ве известуваме дека утре 22.03.2026 година (недела) во 13:30 часот, претседателот на Владата на Република Македонијa Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата, соопштија од Владата.
Најавата за прес конференција доаѓа откако денеска беше соопштено дека утре во 12 часот Владата ќе одржи вонредна седница посветена на мерки за цените на горивата.




