Иран е подготвен да го заштити Гренланд од американскиот претседател Доналд Трамп, „ вие само замолете… ќе дојдеме“, гласи ироничниот предлог од Техеран.
– Трамп прво ѝ се закани на ЕУ, а потоа ги замоли. Денес рече дека ако не дојдете, ние ќе дојдеме и ќе го земеме Гренланд. Сакам да ѝ кажам на ЕУ, ако не можете да го задржите вашиот Гренланд, само побарајте нè, ние ќе дојдеме да го заштитиме, гласи изјава на портпарол во Иран.
Коментарите на Иран, како што пренесе Експрес, доаѓаат во време на разгорената војна во Западна Азија. Иран е нападнат од Израел и САД и одговори со контранапади од 28 февруари. Техеран, исто така, презеде мерки за затворање на Ормускиот Теснец како одмазда. А Трамп ги повика сојузниците на НАТО и ЕУ да им помогнат на САД да го обезбедат клучниот нафтен пат.
Фото: Архива




