Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од дебатната емисија ,,Само вистини“ на телевизија Канал 5, и реплицираше на Сања Лукаревска, пратеник на СДС, а гости во емисијата беа и Даниел Стојчевски и Халил Снопче. Ласовска истакна дека покачување на цените на горивата нема да има, и како што вели таа, деривати има доволно.

,,Од влада која што неколкукратно ги покачи акцизите,не можеме да бараме совет.Она со кое што можеме да се согласиме, е дека сите оние мерки коишто, СДСМ деновиве ги истакнуваат, не се исклучени“, вели Ласовска.

Ласовска посочи дека залихите на деривати се доволни, па граѓаните не треба да се грижат за поскапување.

,,Не е точно дека се покачиле горивата, дизелот само ќе се покачи 3 и пол денари. Она што како Влада вчера јасно се стави до знаење, е дека од денес ќе имаме практично 30 дневна кризна состојба, деривати имаме доволно. Граѓаните треба да бидат спокојни, нема да се покачуваат цените на горивата, а со тоа значи и дека нема да се одврти онаа спирала на покачување. Ќе интервенира Владата. Оваа мерка е сега почетна. Како што кажавме, може да биде и до 0%. Сега е на 10% ДДВ-то, може да дојде до 5%, може и до 0“, истакна Ласовска и додаде:

,,Не значи дека за овие две недели нема да интервенираат, доколку нешто се случува. Она што може Владата да интеревенира, го прави сосема навремено“.