Грчки војници и националисти скандираат на парада во Атина „Кипар е Грција и Македонија исто така“ што може да се види од видеото што кружи на социјалните мржи.
Видеото, како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, е од воената парада во Атина по повод Денот на грчката независност (25 март). Грчки војници и дел од присутните граѓани маршираат и скандираат: „Кипар е Грција и Македонија исто така. Така, да се плашите.“
Снимката која е објавена од турскиот кипарски профил @Young_Turk_Cyp, брзо беше споделена и коментирана од македонските корисници, кои реагираа со мешавина од иронија, гнев и повици за достоинство. Еден од нив напиша: „Грдо искомплексирано племе, Турците им земат мерка“. Друг додаде: „Нема да биде веќе Хеллас.“
Видеото може да го отворите ТУКА.




