Поради временските услови манифестацијата Априлијада 2026 ќе се одржи во ГТЦ кај дуќанот Бенетон.
Во прилог Ви испраќаме покана и агенда, а настанот започнува во 10:30 часот.
Традиционалната детска манифестација „Априлијада“.
Во рамки на програмата, ќе има ревија на маскирани деца од градинки, ученици од основни училишта со танцови точки кои ќе ја збогатат атмосферата со динамични и ритмички кореографии.
Програмата продолжува со настапи на балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош пропратена од солисти – деца изведувачи
на песните од ЗОО Азбука, балетското студио Бреак А Лег и Марбал и златните славејчиња.
Театар за тебе ќе има своја изведба.
Посебна атракција за посетителите ќе бидат настапите на кловнови, маскоти од познати цртани филмови како и пантомимичар, кои преку интерактивна забава и хумор ќе создадат вистинска карневалска атмосфера и ќе ја раздвижат публиката.
За крај на програмата публиката ќе има можност да ужива во уникатната изведба на сегменти од познатиот детски мјузикл „Аладин и волшебната ламба“ изведени на македонски јазик од студиото за деца и младинци Бродвеј јуниор.
Манифестацијата свечено ќе ја отворат директорката на ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ д-р Билјана Лалчевска Серафимовска и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, кои со пригодни обраќања ќе ја отворат оваа детска манифестација под маски.
Настанот е наменет за деца, родители и пошироката јавност, а има за цел да ја поттикне детската креативност, уметничкиот израз и духот на сплотеност преку музика, танц, театар и хумор.
Едноставно, Априлијада е забава за сите генерации.




