„Не се чувствувам виновен“. Вака на денешното судско рочиште се изјасни водителот Миленко Неделковски на кој му се суди за ширење на говор на омраза, објави Република.
Тој кривично се гони за ширење расистички и ксенофобичен материјал, во врска со неговцкоментар на Фејсбук за пожарите во Aтика, Грција.
Обвинителот изведе неколку материјални докази, односно написи од медиуми, а еден доказ кој е видео материјал ќе се гледа на наредното рочиште, бидејќи во моментот во судница нема техничка можност, пишува Република.
Адвокатот на Неделковски побара наредното судско рочиште да се снима аудио и визуелно.
Наредното рочиште е закажано за 22 февруари.