Главната опозициска сила во Британија, Лабуристичката парија, е подготвена да поддржи нов реферндум за напуштање на Велика Британија на Европската унија ако нејзините предлози за брегзит ги отфрли владата и одлучи за „тврдо напуштање“ односно излез без договор. Тоа го зијави деенска лидерот на лабуристите Џереми Корбин.

– Ако владата остане тврдоглава, ако лабуристичката алтернатива биде блокирана и државата се соочи со катастрофа од напуштањето на ЕУ без договор, наша обврска е да се свртиме кон други опции…вклучувајќи и јавно изјаснување, изјави Корбин.

Тој потврди дека е подготвен да прифати повик на премиерката Тереза Меј за разговор за брегзит само ако таа отфрли идеја за напуштање на ЕУ без договор. Тој нагласи дека предлогот на Меј за меѓупартиски преговори за нов брегзит е „сензационална вест“ бидејќи тоа значи дека таа не исклучува напуштање на ЕУ без договор.