На 02.04.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, едно лице кое претходно се понудило да и помогне на З.Е.(73) од Скопје да ја испрати до нејзиниот дом, со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со пари, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје Х.Т.(40) од Р.Турција, со привремен престој во Валандово, пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од три лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека во периодот од 08.06.2025 до 20.03.2026 нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле на видување кај него.
Се работи на целосно расчистување на случајот.




