На судењето за случајот со смртта на Ивана Јовановска и малата Катја, вештакот по судска медицина Златко Јаќовски сведочеше за наодите од обдукцијата и токсиколошките анализи, при што беа презентирани податоци и за неа и за Стојанче Јовановски.

Јаќовски направи разграничување на повредите од падот од балконот со тие од пред тие што ги здобила Ивана пред една недела.

Два крвни подлива со модрожолтеникава боја на левиот образ настанале пред една недела, а подливите на вратот под брадата биле од дента на 2 март која починала, или од претходниот ден.

На прашање на обвинителката, дали кај жртвата Ивана имало присуство на опијати, дрога, алкохол, сведокот рече дека при обдукцијата и по лабораториските испитувања, кај неа немало присуство на алкохол, дрога, а ни средства за смирување.

-Кај Стојанче во урината беше откриено присуство на 307,5 нанограми кокаин на милилитар како и присуство на лекови за смирување поголема од 1.000 нанограми на милилитар. И во крвта на Стојанче имаше присуство на дијазепам и кокаин, одговори сведокот.

Докторката Ана Ивчева, сведочеше дека повредите на брадата на Ивана биле од стискање со врвовите на прстите.

Завршните зборови судијата Ивица Стефановски од Кривичниот суд Скопје ги закажа за 28 април во 10 часот