Екс врховниот судија Наќе Георгиев излегува на слобода. По спогодбата за три години затворска казна и поминати две години во ќелија, апелациските судии му ја уважиле жалбата тој од јули да биде пуштен на слобода, објави ТВ Алфа.

Георгиев бише фатен со 10.000 евра мито, пари кои ги земал за да врши противзаконито влијание во предмет во кој осуден беше екс-градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев за шверц на марихуана. Беше уапсен на лице место во мај 2024 година, а по три месеци одлежани во Шутка се спогоди за затворска казна од 3 години.

Алфа дознава дека минатиот месец Георгиев доставил молба, првично до Кривичниот суд дека има одлежано повеќе од половина од затворската казна и бара да биде ослободен поради влошената здравствена состојба која не може соодветно да ја лекува во затворски услови.

Поранешниот судија, навел десетици нарушувања на здравјето откако е сместен во ќелија. Во прилог на молбата до првостепениот суд барал да се цени и доброто однесување во затворот во Шутка каде беше во притвор, а потоа во струмичкиот затвор.

Советот при Кривичен ги прифатил таквите докази и се согласил да го ослободи од понатамошно оддржување казна од септември годинава.

Но, Георгиев сепак не бил задоволен да лежи уште шест месеци во затвор и повторно се жали пред Апелација. Во таа жалба пак наведува дека кривичните судии доволно не ги целене околностите дека тој има нарушена здравствена состојба, дека има 63 години и има примерно однесување во затворот. Таквата жалба му се прифаќа и се одлучува тој уште во јули да го добие отпустот кој ќе биде до крајот на изречената затворска казна односно 20 мај 2027 година.

Дополнително, екссудијата и досега делумно деновите ги минуваше на слобода. Тој од мај минатата година се вработи како магационер, излегуваше преку ден, а се враќаше во ќелија да преспие.

Освен Георгиев, за влијание во предметот на Стојчев, беше инволвиран и тогашниот член на Советот на јавните обвинители Иџет Мемети кој пак се спогоди за условна казна од една година затвор.

Наќе Георгиев беше фатен на лице место со означени 10 илјади евра, во близина на „East Gate“. Парите му ги дал синот на Стојчев, алијас Боро Малборо, кој всушност и ги пријавил во истражните инститицуии. Во исто време, поранешниот градоначаник се спогоди за  5 години и три месеци затворска казна за пуштање во промет на наркотични дроги со мрежа на препродажба, дело извршено со уште деветмина други.

Извор: ТВ Алфа