Со враќањето на Заев во Македонија, се врати ли и неговото „распупено“ судство?! Прво од уставобранителиет направија „терористи“, за да сега ги направат и школси приер за политизација на судските органи. Во најновиот скандал и мега-резил во македонското судство октроираниот Апелационен суд одлучи да не го прифати барањето на осудените за случајот 27 април, кои бараа повторување на постапката. Процес кој наочиглед на сите беше класичен пример за политички прогон, сега во судската пракса може да се изучува и како школски пример за политички влијанија, неправда и кршење не човековите права и слободи, континуитет на еден мизерен акт на Заевци и неговата судска банда.
„Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жабениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеното решение не содржи такви недостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот“, се наведува во бизарната одлука на Апелациониот суд.
Со ваквата нехумана и правно незидржана одлука Апелација го потврди решението на Кривичниот суд донесено на 15.12.2025 година, со кое се одлучува дека нема законски простор за повторување на постапката.
Судот демек „правилно“ оценил дека изнесените факти не се подобни да причинат ослободување на лицето што било осудено или негова осуда по поблаг кривичен закон… Замислете само – „Советот не може да се впушти во оценување дали во конкретниот случај од страна на судијата или јавниот обвинител се сторени кривични дела кои се застарени, како и тоа дали исказот на загрозениот сведок бил лажен“, се наведува во мизерната одлука.
Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.
Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.
Во меѓувреме, додека цела Македонија знае дека се невини, дел од неправедно затворените и починаа. Умреа како мажи. Се знае и на чија душа оди оваа нечовештина. Арам, вели македонскиот народ.
Извор: Курир





