На 24.04.2026 околу 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с. Буковиќ, скопско додека извршувал градежни работи И.Т.(33) од с.Копаница, скопско добил струен удар, информира МВР.

По ударот, тој паднал на земја по што бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.