На електронската адреса на Министерството за внатрешни работи денеска е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје се поставени експлозивни направи.
-Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри, велат од МВР.
Повеќе детали се очекуваат подоцна.




