Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска ќе го посетат објектот на Универзалната сала, каде што официјално ќе биде најавено продолжувањето на активностите за нејзина реконструкција.

Во рамки на посетата ќе биде презентиран и проектот за реконструкција на ова култно место за скопјани.

Предвидена е и обиколка на градилиштето, а во 11:10 часот ќе следуваат изјави за медиумите.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на општина Прилеп.

Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски заедно со градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски ќе извршат увид во реконструкцијата на улица „Кеј 1 Мај”.

Изјави за медиуми се предвидени во 11:30 часот.