Шеснаесетгодишната ера на национална управа во Унгарија заврши со изборите, означувајќи го почетокот на новиот период дефиниран со либерална државна управа и пронационална опозиција, порача унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан во писмо упатено до членовите на неговата партија Фидес.
„Задача на нашата заедница е да ги брани големите национални достигнувања од изминатите 16 години и да го одржи идеалот на пронационалната управа. Либерална државна управа и пронационална опозиција – тоа е новата реалност. Ова е областа во која мораме да работиме“, укажа Орбан и додаде дека во тој дух е реорганизирана пратеничката група на Фидес, пренесува агенцијата МТИ.
Тој им се заблагодари на членовите на својата партија за нивната работа за време на кампањата и ги повика да ја проценат ситуацијата на нивните вообичаени постизборни состаноци.
МИА




