Англиските рокери Тhe Who најавија нов албум оваа година, но и потврдија за северноамериканска турнеја, објави Гардијан.
Засега неименуваниот албум би требало да излезе подоцна во оваа година, а наследник ќе биде на нивниот 11. студиски албум Endless Wire издаден во 2006 година.
Гитаристот Пит Таунсенд изјави дека фановите може да очекуваат „мрачни балади, тешки рок песни, експриментална електроника, семплови и типични Who-песни кои починуваат со гитара што дава јанга-данг звук“.
Пејачот Роџер Далтри рече дека северноамериканската турнеја ќе биде со оркестар и нема да го компромитира начинот на кој тој и Пит ја испорачуваат музиката. Далтри најави дека тоа може да биде нивна последна турнеја.
Таунседн (70) вели дека ќе оди на турнеја само ако имаат нов материјал.
Пит и Роџер само останаа од почетниот состав на групата. Тапанарот Кеит Мун почина во 1978 година, а неговиот наследник Кени Џоунс ги напушти во 1988 година. Басистот Џон Ентвисл почина во 2002 година. Сега во бендот се Зак Старки, син на Ринго Стар и Симон Таунсенд, помлад брат на Пит.